ЕУ налепниците кажуваат многу за гумите

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најважните делови на автомобилот се гумите и од нивната исправност и издржливост зависи во голем степен и вашата безбедност на патот. Затоа е многу важно да се знаат и некои информации околу сигурноста на секоја гума, како и за нејзиното влијание на околината, а тоа го има во ЕУ ознаките.

Тие помагаат при споредбата на гумите врзано за прилепувањето на влажните подлоги, како и за влијанието на потрошувачката на горивото и вревата.

Каде може да се пронајде?

Ознаката би требала да се наоѓа на самата гума. Законот налага наведување на ЕУ ознаките на гумата. Ако не можете да ја пронајдете на гумата тогаш можете да го прашате вашиот дистрибутер или да побарате на интернет.

Влијание на потрошувачката на гориво

Дали сте знаеле дека на гумите отпаѓа до 20 проценти од потрошувачката на гориво на возилото?

Изборот на гуми со висок индекс на ефикасност, допринесуваат за потрошувачката на горивото да опадне, а со самото тоа ќе се произведува и помалку CO2.

Како гумите го трошат горивото?

Едноставно кажано, на гумите кои ефикасно го трошат гориво им треба помалку енергија за вртење. Затоа се употребува и помалку гориво.

Како се оценува ефикасноста на потрошувачката на гориво?

Ефикасноста на потрошувачката на горивото се оценува од А до G на скалата во боја.

А (зелено) = највисока оценка на ефикасноста на потрошувачката на гориво.

G (црвено) = најниска оценка на ефикасноста на потрошувачката на горивото.

Оценката D не се користи за патнички автомобили.

Значење на наведените оценки

Разликата меѓу оценките A и G може да значи смалување на потрошувачката и до 7,5 проценти. За да ви биде појасно објаснето, пресметвме дека со одбирањето на гуми со оценка А место гуми со оценка G, можете да заштедите повеќе од шест литри годиво на секои 1000 километри.

Точната заштеда на горивото и на трошоците може да варира, меѓудругото и зависно и од притисокот во гумите, тежината на возилото и од стилот на возењето.

Што најчесто влијае на ефикасноста на потрошувачката на горивото?

– Низок притосок во гумите

Ако гумите не се исправно напумпани тоа ќе ја зголеми отпорноста на тркалање и ќе влијае на потисокот во влажни услови.

– Масата на возилото

Масата на автомобилот и начинот на возење исто така можат да влијаат на големата разлика. Потрошувачката на горивото можете да ја намалите со енергетски ефикасно возење (познато и како „еко возење“).

– Потисок на влажни патишта

Потисокот на влажно е способност за кочење на гумите на влажни патишта.

– Потисок на влажни подлоги?

Ја означува способноста на гумите во влажни услови да се задржат на патот. ЕУ оценката се насочува на еден вид потисок на влажни подлоги, а тоа е издржливоста на гумите при кочење на мокро.

Како се оценува потисокот на влажни подлоги?

Потисокот на влажни подлоги се оценува од A до F.

A= највисока оценка

F= најниска оценка

Оценките D и G не се користат за патнички автомобили.

Во опасна ситуација и неколку метри можат да направат разлика. Во патничко возило кое кочи со полна сила при 80 км/ч, комплетот на гуми оценка А ќе има пат за запирање за 18 метри пократок од комплетот гуми со оценка F.

Напомена: секогаш почитувајте го препорачаниот пат за запирање.

* Измерено во склад со методите за испитување наведени во Уредбата ЕЗ 1222/2009. Патиштата за запирање можат да варираат зависно од условите на патот и од другите надворешни влијанија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK