Едноставни трикови за да го оладите вашиот автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Иако уште не е почнати календарски, летото веќе пристигна и високите темпрератури носат проблеми и неволји за возачите.

Постојат неколку трикови со кои можете да ја оладите внатрешноста на автомобилот и истите е добро да е знаат.

Сè што треба да направите е:

-Да ги спуштите прозорецот на совозачката страна и да ја затворите вратата

-Вратата од страна на возачот да ја затворате како во видеото подолу.

Препорачливо е на седиштата, особено ако се кожни да ставите памучен материјал. Така ќе ви биде полесно да седнете на нив.

Воланот свртете го на страната на паркирањето така што кога ќе се вратите и ќе го ставите во почетна положба, најважниот дел (каде што ви се дланките) ќе биде ладен.

Пред напуштањето на автомобилот, на менувачот ставете навлака или нешто слично, па нема да биде толку топол кога повторно ќе седнете во автомобилот. Советот вели и при паркирање на автомобилот да ги оставите отворени предните прозорци, но многу малку за да може воздухот постојано да циркулира.