Дали и кога треба да се балансираат гумите на автомобилот?

ОБЈАВЕНО НА:

Гумите се еден од најважните делови на автомобилите и секогаш е важно колку е напумпани и дали правилно се напумпани. Исто така е важно да бидат правилно се балансирани, а интересно е прашањето дали секогаш треба да се балансираат. Одговорот на тоа прашање, сепак, зависи од неколку работи. Како за почеток, ако ги смените зимските гуми со летни и има потреба од демонтажа и монтажа на едни и исти бандажи, тогаш балансирањето е задолжително.

Меѓутоа ако располагате со два комплети на бандажи и зимските и летните гуми се монтирани на нив, тогаш балансирањето не е потребно секој пат. Тоа е неопходно ако сте се нашле во поголема дупка или располагате со резервни пари и време и сакате да сте мирни.

Инаку, само треба да запомните кога последен пат е направен баланс. Експерите препорачуваат балансирање на гумите и бандажите да се прави на секои 10.000 до 15.000 километри.

Но, ова само при „мазна“ работа во досегашното користење на гумите. Ако гумите имаат потреба од баланс, тогаш возачот ќе почувствува вибрации или „биење“ во воланот. Ако се прашувате дали заинтересираните лица по темата (особено гумаџиите) тие ќе ви кажат дека балансот е задолжителен при секоја смена.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK