Чувајте ги гумите, од нив зависи вашиот живот на патиштата

ОБЈАВЕНО НА:

Како што вие се грижите да имате добри обувки, истите ги чувате без разлика кое дел од годината е така треба да се грижите и за гумите на вашето возило. Од нив зависи колку автомобилот ќе ви служи добро. Недоволно напумпана гума и висок тротоар се исклучително лоша комбинација за гумите. Одмаздата за тоа обично доаѓа подоцна.

Експертите говорат за меморија на гумите. Секако тие не зборуваат за убави спомени туку за спомени врзани за лошиот третман над гумите. И таа момерија не е складирана во мозокот туку гумата ги чува во арматурата и на газечкиот слој.

Пример, кога возите со неадекватен притисок на воздух во гумите самите си создавате проблем. Недоволниот притисок на воздух не е во состојба да го одржува работ односно страната на грумите. Рабовите на гумата тогаш се премногу флексибилни, а колку гумата повеќе се витка толку температурата е поголема (како гума за тегла која се загрева кога се развлекува премногу), што може да донесе до оштетување на работ на гумата која е невидлива за возачкото око.

Една од најчестите грешки на возачите е пребрзото и нагло паркирање преку високите тротоари. Тоа ја кине арматурата во внатрешноста на гумата. Другата најчеста грешкае неправилното чување на зимските и летните гуми. Тие се исклучително осетливи на минералните масла и другите хемикалии.

Оној кој ги остава гумите на мрсна површина во гаража ќе има проблеми бидејќи страниците на гумите ќе бидат уништени. Имено, проблемот е во тоа што оштетената гума и понатаму функционира, но само некое време. Возачот не е свесен дека вози на темпирана бомба. Поради сите овие работи, редовните прегледи на гумите се многу важни.

Еднаш во 10-15 дена треба да се подеси притисокот во гумите и редовно самите прегледајте ја гумата дали има видливи оштетувања на неа. Исто така повремени контроли кај вулканизер се задолжителни бидејќи таму професионалци најдобро ќе утврдат дали со гумата е сè в ред или има некои скриени опасни оштетувања.

Само новите гуми даваат доволно голема сигурност, но за тоа често можеме само да сонуваме. Сепак, не заборавајте дека контактната површина на гумата со асфалтот во големите на кредитна картичка, а игра неверојатно важна улога во безбедноста. Полн гас на автопат, брзи  свиоци… во тие ситуации само неколку сантиметри ве држат на патот. Затоа ве молиме да обратите поголемо внимание на вашите гуми.

ПРЕПОЗНАЈТЕ ОШТЕТУВАЊЕ НА ГУМИТЕ

Дупка на страната на гумата

Ивиците се ослабени, а веројатно внатрешната конструкција е оштетена. Овде се заканува пукање на гумите, па подобро е ваквата гума што побрзо да ја замените.

Надворешно тело во газечкиот слој

Стакло навлегло во газечката површина на гумата. Ова често успешно се поправа кај вулканизер.

Неправилно трошење на гумата

Нешто доведува до тоа гумата на еден дел повеќе да троши. Проверете што е причина за ова и отстранете го проблемот, а потоа сменете ја гумата. Ако не знаете што е причината, нема смисол да ја менувате гумата бидејќи може одново да дојде.

Пуштање на воздух

Додека барате пумпа за гума можете на вентилот или на местото откаде мислите дека пушта воздух да капнете вода со сапуница. Ако почнат да се прават балончиња тука пушта воздух.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK