Ако ви затреба: Како правилно да замените гума?

ОБЈАВЕНО НА:

Можеби ова ви делува смешно, но постојат голем број на возачи кои не знаат да заменат гума на автомобилот. Затоа овој совет може да биде многу корисен.

Секој автомобил мора во својот багажник мора да има резервна гума, но не е доволно само да имате резерна. Морате да знаете и како да ја смените и тоа на правилниот начин. Ќе се изненадите кога ќе дознаете колку е голем бројот на возачи кои не знаат да заменат гума на својот автомобил, но и оние кои велат дека знаат тоа го прават на неправилен начин. Затоа ова е нешто кое секој возач мора да го знае бидејќи никогаш не знаете кога ќе ви пукне гума.

Затоа ќе се обидеме да ви го објасниме полесниот начин за тоа како правилно и сигурно да замените гума на вашиот автомобил.

Прво во што морате да бидете сигурни е вашата дигалка и вашиот клуч за тркалото. Ако немате исправна дигалка, самото симнување на гумата може да биде многу опасно и да ве загрози и вас и вашето возило. Клучот мора да биде цврст и најдобро би било да има долго продолжение за да направите подобар лост за полесно одвртување на штрафовите.

Чекор 1

Најчестите грешки кои луѓето ги прават е во тоа што го креваат дигалката пред да ги одвртат штрафовите. ТОА Е ГОЛЕМА ГРЕШКА! Штрафовите на тркалото се отпуштаат додека автомобилот е уште на земја бидејќи тогаш е постабиле. Се одвртуваат во правец спротивен на сказалките на часовникот. Со оглед на тоа што сигурно ќе ви биде тешко да ги одвртите со раце, користете ја и ногата или едноставно качете се на клучот и користете ја тежината.

Чекор 2

Откако штрафовите се одвртени, ја поставувате дигалката. Таа мора да биде на рамна површина и мора добро да се постави на дното на автомобилот. Кренете го возилото и симнете ги веќе одвртените штрафови, а потоа симнете го и тркалото.

Чекор 3

Земете го резервнто тркало и ставете го на местото. Централната дупка ставете ја во центарот, а потоа со рака поместувајте го тркалото за да успеете да ги израмните сите дупки за штрафовите. Потоа ставете ги и стегнете ги со рака колку можете.

Чекор 4

Спуштете ја дигалката, а со тоа автомобилот на земја, па потоа со клуч дополнително стегнете ги штрафовите на тркалото. Овој пат вртете во правецот на стрелките на часовникот.

Ако сте го направиле сето ова правилно и смирено ќе видите дека смената на гума не е така компликувана работа и ќе можете за навистина кратко време да го направите ова.

Сепак, треба да имате на ум и нешто друго, а тоа е редовно да ги проверувате и да ги контролирате гумите за да можете максимално да го продолжите рокот на траење бидејќи „Добрите гуми ја чуваат главата“!

Следете не и на:

24AUTO NETWORK