Ако патувате во Хрватска не ги правете овие грешки – може да платите цело богатство!

ОБЈАВЕНО НА:

Покрај тоа што од ова лето во Хрватска значително се зголемија патарините, од 1 август важат и новите, повисоки казни за сообраќајни прекршоци.

Така казните што досега беа од 5 до 15 илјади куни како што е досега, од 1 август истите ќе се движат од 10 до 20 илјади куни oдносно до речиси 2.800 евра.

Хрватските медиуми веќе направија список на работите кои не треба да ги правите во сообраќајот со цел да не мора да платите цело богатство односно до седум просечни македонски плати.

Никогаш, ама баш никогаш не ја пречекорувајте дозволената брзина во населено место за повеќе од 50 км/ч, а на крај памет не треба да ви падне ниту да возите во спротивен правец или забранет смер.

Висока парична казна ќе добиете и доколку поминете на црвено или доколку возите со алкохол во крвта.

Малку пониска парична казна, но сепак висока ќе добиете и доколку управувате моторно возило без возачка дозвола, доколку возачката дозвола ви е одземена или привремено одземена.

Комбинација на повеќе од еден сообраќаен прекршок може да ве чини и над 5 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK