ADAC тестираше зимски гуми, а оценките се…

ОБЈАВЕНО НА:

Зимата наближува и затоа е добро сите возачи да бидат подготвени кога станува збор за гумите на автомобилите. За да им помогне при вистинската одлука за купување на зимски гуми, Германски ADAC направил истражување на 15 зимски гуми за автомобили од пониска средна класа (205/55 R16 91H) и 13 за џипови и комби (235/55 R17 103 V).

Резултатот покажува дека 12 од нив добиле препорачани оценки („добри“ или „задоволителни“) за гуми и во двете големини.

Пет модели на тестираните гуми за пониската средна класа од најпродаваниот размер се претставиле „добро“. Пред сè Bridgestone Blizzak LM005, кој импресионирал како на влажни така и на суви патишта. За жал, тој покажува највисоко трошење во групата.

Секој, кој треба да помине поголем број на километри е подобро да се опреми со вториот во рангирањето Michelin Alpin 6. Францускиот премиум модел се справува малку послабо на сувите патишта, но при тестот за трошење, со прогнозиран километража од 43.000 километри се покажува многу добро.

Групата од седумте „задоволителни“ гуми покажува слабости особено на суво. Зимските WT81 на King Meiler (единствената регенерирана гума во тестот) и Tristar Snowpower HP очигледно се „лоши“.King Meiler не само што го има најдолгиот пат за запирање на влажна површина туку се покажува и најлошо кога е во прашање управување на влажни патишта. Во крајна сметка Tristar Snowpower HP се реди меѓу првите три на суво, но покажува сериони слабости на влажна подлога.

Кога станува збор за зимските гуми за џипови и комбиња, Michelin Pilot Alpin е единствениот модел, кој има добар рејтинг во сите основни катеогирии и на тој начин како целост оценка „добар“.

Дури 11 други модели во оваа димензија се оценети како „задоволителни“ и поради тоа сè уште се препорачуваат. Тие покажуваат мали слабости во барем еден од основните критериуми (суво, влажно, снежна, замрзната површина на патот). Поради дефицитите на сувите патишта, еден модел дури беше оценет како „доволен“ како целина: SUV Semperit Speed-Grip 3.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK