Совети за возење кога има многу вода патот

ОБЈАВЕНО НА:

Дождот често знае да предизвика проблеми на патиштата со оглед на тоа што големата количина на вода создава опасен аквапланинг и тогаш внимателноста треба да биде на далеку повисоко ниво од обично.

Наесен често треба да се патува дури и кога времето е лошо. Влажните патишта поради дождот се претпоставка за опасен аквапланинг. Затоа е добро да се знаат неколку работи кои можат да би обезбедат безбедно и мирно патување.

Аквапланингот е реална закана особено во доцното лето или за време на есента. Кога шарата на гумата не може да ја истурка целата вода меѓу гумата и патот „интеракцијата“ меѓу двете се губи и затегнувањето исчезнува соодветно.

Затоа е добро да ги знаете следните неколку совети за возење на дожд:

– Проверете ја длабочината на шарите на гумите. Препорачаната минимална длабочина на шарите е 4 мм.

– Проверете го притисокот на гумите. Недоволно напумпаните гуми се причина за побавно вртење и исто така допринесуваат за поголема потрошувачка на гориво.

– Регулирајте ја брзината во согласност со метеоролошките услови. При силен дожд е потребно да ја намалите брзината за 15 до 20 км/ч.

– Возете мирно. Одржувајте безбедна дистанца и возете со разумна брзина.

– Внимавајте на површината на патот. Не возете на патеки каде се собира вода.

– Во случај на аквапланинг е важно да ја зачувате смиреноста.

„Ако автомобилот се најде во аквапланинг тогаш тргнете ја ногата од педалата за гас и притиснете го квачилото. Не користете ја сопирачката и не го вртете воланот. Кога ќе ја намалите брзината, контактот со површината може да се врати наеднаш. Кога тоа ќе се случи ќе сакате гумите да ги насочите кон правилна насока, а не контра од движењето на сообраќајот“, велат од Nokian Tyres.

Многу лесно можете да го намалите ризикот од аквапланинг дури и пред да седнете зад воланот. Редовно треба да се проверува длабочината на шарите на гумите и да бидете сигурни дека се во добра состојба. Потрошените гуми потешко ја туркаат водата со оглед на тоа што шарата веќе го нема потребниот квалитет да ја собира водата.

При тестирањето е утврдено дека потрошените гуми паѓат во аквапланинг при брзина од 75 км/ч, додека новите гуми за време на тестирањето го направиле истото при брзина од 85 км/ч.

Како надополнување покрај длабочината на шарите на гумите потребно е да го проверувате и притисокот на гумите. Нискиот притисок го зголемува ризикот од аквапланинг, затоа треба да се проверат и да се напумпаат при секое патување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK