Совети за безбедно возење низ дождот и грмотевици

ОБЈАВЕНО НА:

Есента е почеток на годишното време кога почесто има дождови, улици полни со вода, па и грмотевици додека вие патувате. А деновиве постојано имаме дождливо време иако не со силен интензитет. Поројниот дожд и бурите со грмотевици го прават поопасно возењето на две и четири тркала. Затоа е добро да се знаат неколку совети за безбедно патување во така лошо време.

Ако влезете во бура со автомобил, главните опасности, кои ви се закануваат се лошата видливост, обилниот дожд со аквапланинг, град и силен ветар.

Доколку трагите од вода на превозното средство пред вас по влажните патишта исчезнуваат после неколку метри се препорачува внимателност. Тогаш брзината треба внимателно да се намали и воланот да се држи право. При екстремни метеоролошки услови е препорачливо да се насочите кон паркинг, а прозорците и покривот треба да бидат затворени во случај на бура со грмотевици.

Гранките и другите предмети по патот, разнесени од налетите на ветрот исто така се опаснoст. Според експертите опасностите причинети од силен ветер и летечки гранки и други предмети, не треба да се потценуваат. И овде, предвидливо возење и безусловно придржување кон безбедно растојание помагаат за спречувње на посериозни несреќи.

 

Возилата со кровни конструкции, кампери и каравани се особено изложени на ризик при силен вкрстен ветер. Брзината треба да биде намалена и воланот да се држи со две раце. Неопходно е особено внимание на мостовите и при излегување од тунел. При многу силни бури е препорачливо да го прекинете или да го одложите патувањето.

Ако велосипедистите или мотоциклистите се фатени во бура со грмежи, тие треба да запрат, да го паркираат велосипедот или моторот и да си најдат место каде што ќе успеат да се скријат од бурата на безбедно растојание. Треба да се барем десет метри од моторот, а подобро е да биде и повеќе, за да не настрадате во случај на гром. Кулите, електропроводите и металните предмети треба да се избегнуваат, металните предмети, како на примет оние на автомбуска станица не треба да се допираат.

Да бидеш надвор со мотоцикл при бура со грмежи е едноставно опасно по живот. Најдобриот метод за однесувањето при силен дожд: не заборавајте да ја намалите брзината, не забрзувајте одеднаш и не запирајте нагло. Најбезбедно е да се прекине патувањето и да се насочите кон место за паркирање. Се препорачува да се одложи патувањето при многу лошо време или да се прекине патувањето, додека метеоролошките услови не бидат подобрени.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK