Совети: Како да го зачувате акумулаторот во зима

ОБЈАВЕНО НА:

Падот на температурата значи и можни потешкоти при управувањето односно стартувањето на вашиот автомобил, особено во утринските часови. Доколку вашиот акумулатор е празен, тогаш нема да можете да го стартувате. Но, секако најважно е правилно да се одржува и да се чува акумулаторот ако сакаме истиот да трае подолго. Важно е да знаете дека после три години, треба да направите проверка на вашиот акумулатор бидејќи можно е при студените денови да дојде до нагло намалување на неговата сила.,

Оние кои редовно се грижат за состојбата на акумулаторот побрзо ќе ги забележат нејзините знаци на слабеење и ќе можат адекватно да реагираат. Правилното одржување на акумулаторот подразбира низа дејства, пред се, редовно полнење на уредот, потоа сервисирање на возилото, одржување на соодветната температура и чистота на батеријата, како и внимателно палење на моторот.

Редовното сервисирање на возилото е важно и за животниот век на акумулаторот, што меѓу другото подразбира и проверка на електричниот систем на возилото, без кој нема безбедно возење.

Доколку одредени електрични уреди, на пример, греачите „влечат“ струја на автомобилот, акумулаторот ќе се троши побрзо бидејќи ќе се троши повеќе од вообичаено при возење.

Состојбата на акумулаторите многу зависи од надворешната температура, поради што по правило оние што се чуваат се гаражирани во лето и не се изложени на толку високи температури траат подолго. Одговорните возачи мора да имаат предвид дека ниските температури не им одговараат на акумулаторот, па затоа во зима мора да го возат автомобилот на подолги релации за да може акумулаторот да се наполни сам. Кратките возења во ладни услови не се добри за траење на батеријата.

Правилната нега на акумулаторот вклучува редовна проверка на нејзината чистота. Батеријата не треба да има никаква ‘рѓа или прашина на нејзините полови или конектори, а камоли да има корозија. Се препорачува да се исчисти батеријата со жичена четка и средство против корозија.
Исто така, треба редовно да се проверува чистотата на клемите и половите на акумулаторот бидејќи кога се премногу валкани, моторот нема да може да се стартува без оглед на тоа што батеријата е полна.

На долговечноста на батеријата влијае и начинот на кој го стартуваме моторот на автомобилот.

Прочитајте плус….

Доколку акумулаторот ви откажува, можеби не треба да барате нов!

Следете не и на:

24AUTO NETWORK