СОВЕТ: Зошто морате да ги врзувате предметите што ги превезувате со автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Шок тест со 50 км/ч. - и најмал предмет лета како куршум!

Освен за превезување на луѓе, автомобилите често се користат за превоз на различни предмети. Но, најчесто кога превезувате различни работи едноставно само ги ставате во багажникот, а често и на задните седишта. Или ако се работи за погабаритни може да се спуштат задните седишта и така да се сместат предметите во внатрешноста на возилото.

Притоа вие возите нормално исто како да се движите според секојдневната рутина. Но, дали тие предмети некако ги врзувате, ги прицврстувате? Нееобезбедениот багаж може да убие, буквално.

Дури и најмалиот предмет тежок само неколку стотици грама може да претставува голема опасност, покажуваат тестовите во реални услови.

Да не зборуваме за поголеми предмети, како што се шишиња за пијалоци, лаптопи, книги, чанти… Во сообраќајна несреќа, сите овие објекти добиваат значително забрзување, што ги претвора во силни проектили.

Релативно малите предмети како што се планинарските чизми или шишиња со вода во мирување тежат околу 1,5 килограми, а при нагло сопирање со брзина од 50 км/ч. поради големи инерцијални сили стануваат смртоносен проектил од дури 36 кг.

Дури и таблет со тежина од само половина килограм не е безопасен. Во случај на ненадејно запирање, на пример, од задниот багажник, може да удри во патникот како да е предмет од 12 килограми. Во случај на судир, караваните кои немаат заштитна преграда се особено опасни, па товарот буквално може да лета во кабината.

Нилс Содал е висок советник за комуникации во Норвешкиот автомобилски клуб (NAF), а по учеството на тестовите за судар беше згрозен од фактот дека багажот во автомобил може сериозно да ги повреди патниците.

– Многу луѓе ја потценуваат опасноста од необезбедени предмети во автомобилите. Современите автомобили се многу отпорни на удари, но необезбедениот багаж често е причина за сериозни повреди во сообраќајна несреќа – вели Содал.

Содал, инаку, учествуваше во тестови за судир со караван со брзина од 50 км/ч. И додека оваа ситуација не претставува голема опасност за патниците од гледна точка на пасивните безбедносни елементи што ги обезбедува автомобилот, ситуацијата се менува во случај на необезбеден предмет во кабината.

– Ако на задната полица или во багажникот ставите камера или некој друг предмет тежок 2 килограми, може да прелета низ патничкиот простор како смртоносна ракета со моќност од речиси 50 килограми – нагласува Содал.

Тежина на објектот при судир со брзина од 50 км/ч.
* Таблет 0,5 кг – 12 кг
* Шише со вода 1,5 кг – 36 кг
* Скии 3 кг – 72 кг
* Фрижидер 7 кг – 168 кг
* Торба 20 кг – 480 кг

Следете не и на:

24AUTO NETWORK