Со велосипед возеше 240 км/ч.

ОБЈАВЕНО НА:

Несекојдневен подвиг на велосипедистот Нил Кембел кој успеа со својот велосипед да достигне брзина од 240 км/ч и тоа благодарение на Porsche Cayenne Turbo.

Нил Кембел претходно постави рекорд со тоа што успеа да достигне брзина од 217 км/ч. но сега, на патеката во Јоркшир (Велика Британија) успеа да го подобри рекордот постигнувајќи брзина од 240 км/ч. Голема заслуга имаше Cayenne кој го влечеше велосипедистот до 177 км/ч, а потоа послужи какo аеродинамична поддршка за Кембел да постигне брзина од 240 км/ч.

Во моментот кога автомобилот постигна брзина од 177 км/ч, велосипедистот е откачен, а Кембел искористувајќи ја својата сила и можностите на велосипедистот успеа да го постигне новиот рекорд.

Но голем предизвик беше и безбедното сопирање на велосипедистот, како поради големата брзина така и поради наближувањето на крајот на патеката. Поради ова Кембел го сопираше својот велосипед со двете сопирачки за на крај сосема безбедно да застане на крајот на патеката.

Овој автомобил под хаубата има 4.0 литарски bi-turbo V8 мотор со 550 КС, а благодарение на овие перформанси на моторот тој до стотка забрзува за само 4.1 секунда. Токму поради овие причини за реализација на овој подвиг беше избран овој модел на автомобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK