Со Kia Sorento платил 7.000 долари за дополнителна гаранција и заштедил 33.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе ви кажат да платите за „дополнителна гаранција“ често мислите дека е тоа фрлање пари. Но, еден сопственик на Kia Sorento не само што ја искористил 10 годишната гаранција, туку и дополнително профитирал со тоа што си доплатил за дополнителна гаранција.

Kia Sorento е познат по неговата доверливост, па кога ќе чуете дека некој платил дополнително ви звучи малку и чудно. Дилерот ја понудил гаранција „од браник до браник“ за 7.000 долари. Возилото било купено во 2012 година и уште тогаш имал 10 годишна гаранција, односно 160.000 км. за моторот.

Фабрички гарантен пакет истекол сега, откако возилото минало 608.061 милји (978.579 км.) За тоа време, Sorento имало повеќе заменети главни делови од погонската единица отколку што можете да сметате на двете раце.

Возилото имало 203 промени на маслото, 20 испирање на менувачот, сменети 9 мотори и 4 менувачи за време на гарантниот период. Ова возило било напорно возено цел живот. Тоа го потврдуваат оштетените клипови, глави на моторот, па дури и откината коленестото вратило. Само една замена на моторот чини околу 4.500 долари.

Направете математика и ќе дојдете до вкупна заштеда од 33.500 долари ако гаранцијата е точно 7.000 долари. Тоа не става ниту друга поправка или рутинско одржување во равенката.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK