Снимете го оној што го крши Законот – добивате 10% од неговата казна!

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата во сите земји се обидува да влијае на намалување на прекршоците во сообраќајот. Некогаш едукацијата помага, но некогаш треба и казнување. А за да може некој а биде казнет треба да постои доказ дека го прекршил Законот. Во Украина е пред усвојување на Закон со кој сите ќе бидат на „штрек“ да фатат некој што направил прекршок.

Украинците за спроведување на законот ќе ги наградуваат сведоците на прекршителите на правилата на патиштата директно во материјална форма.

Ова е благодарение на предлогот за измена на нацрт-законот 5798, за кој треба да гласа украинскиот парламент. Така, доколку се усвојат законските измени, очевидец ќе добие 10% од казната што ја платил прекршителот за испратеното видео или фотографија со која се потврдуваат незаконските постапки на сторителот.

Новините во законото треба да се однесуваат само на одредени видови сообраќајни нарушувања:

– поминување на црвено светло на семафор;

– преминување на полна линија на пат;

– прекршување на правилата за паркирање;

– прекршување на правилата за преминување на железнички премин и крстосница;

– напуштање на местото на несреќа..

Авторите на документот тврдат дека таквите норми одамна постојат во западните земји и ја докажале својата ефикасност. Доколку нацрт-законот биде поддржан од пратениците, видеата од прекршувањето ќе бидат прегледани од полицијата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK