Скопје за време на Југославија – четврти град според бројот на автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Во неделното издание на „Нова Македонија“ објавено на 13 февруари 1972 година, објавена е и статитика во поглед на бројот на автомобили во Југославија и градовите ширум републиките. При тоа, направена е компарација во поглед на бројот на автомобили во 1967 година и четири години подоцна, однсоно 1971 година.

Позитивно изненадува рангирањето на Скопје на оваа листа. Нашиот главен град, и во двете години се најде на четвртата позиција според бројот на патнички возила. Така во 1967 година во Скопје имало регистрирани 9.009 патнички автомобили, а четири години подоцна бројката се дуплирала и изнесувала 21.428 патнички автомобили. Во тие години, повеќе автомобили од Скопје имало само во Белград (89.720), Загреб (65.234) и Љубљана (42.691).

На листата од 16 градови со најмногу регистрирани патнички автомобили се наоѓаат уште и: Нови Сад, Сараево, Ријека, Марибор, Сплит, Ниш, Крагуевац, Бања Лука, Нова Горица, Пула, Целје и Крањ. Тоа значи дека Скопје е единствениот град од Македонија кој се најде на оваа листа.

Интересен е растот на бројот на возила во период од само четири години. Статистичарите од СФР Југославија во 1967 година евидентирале 253.344 патнички автомобили, а во 1971 година 720.874 патнички автомобили што е пораст од речиси половина милион возила однсоно годишно се продавале повеќе од 100 илјади патнички автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK