Систем за автоматско управување BlueCruise на Ford доаѓа уште годинава (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Одделот на Ford во Северна Америка објави интересни детали за големата иницијатива, која е спроведена на територијата на САД и Канада, наречена Mother of All Road Trips. Главната задача на програмата беше да се тестираат и докажат во реални услови, квалитетите на системот за автоматско управување на автомобилскиот производител, кој му дава шанса на возачот да го остави управувањето на автомобилот во рацете на борд системот, но со услови да продолжи со следење на условите на патот.

Во иницијативата Mother of All Road Trips, која се појавува како последица на повеќе од 500.000 милји тест програма од страна на Ford, учествуваа пет претставници на целосно новата генерација Ford F-150 и пет на целосно електричниот Mustang Mach-E, со кој биле изминати 110.000 милји за проверка на квалитетите на системот BlueCruise.

Овој BlueCruise систем за автономно управување ветува дека ќе им понуди на возачите дополнителен мир при возење од над 100.000 милји детално мапирани патни артерии во Северна Америка. Нејзиното функционирање се базира на податоци од неколку интегрирани камери и радари, како и на работата на адаптивната круз-контрола со функции за следење на сообраќајот Stop-and-Go, позиционирање на возилото на средина на автопатот, препознавање на сообраќајни знаци и друго.

BlueCruise

BlueCruise системот за автономно управување ветува дека ќе им понуди на возачите дополнителен мир при возење од над 100.000 милји детално мапирани патни артерии во Северна Америка. Нејзиното функционирање се базира на податоци од неколку интегрирани камери и радари, како и на работата на адаптивната круз-контрола со функции за следење на сообраќајот Stop-and-Go, позиционирање на возилото на средина на автопатот, препознавање на сообраќајни знаци и друго.

Системот BlueCruise на Ford ќе биде достапен како дополнителна функционалност за борд системите на F-150 и Mustang Mach-E, кои располагаат со Ford Co-Pilot360™ Active 2.0 Prep Package.

Новата функционалност, која ќе биде достапна како опција за 600 долари со тригодишна услуга, ќе биде достапна со безжична надградба преку воздух во втората половина на оваа година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK