Во Швајцарија добиваат керозин од воздух (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Еколошките проблеми и нестабилните цени на нафтата ги принудија инженерите низ целиот свет да експериментираат со различни извори за обновлива енергија. Тимот на научници од Техничкиот факултет во Цирих успеа да отиде чекор подалеку од сите и добија јаглеродно гориво од воздухот.

Експерименталниот објект, кој работи во оригиналниот режим веќе функционира во Швајцарија и дури работи и во услови на средноевропска клима при што успева да синтетизира по 100 милилитри керозин во едно деноноќие. Системот извлекува вода и јаглерод диоксид од воздухот и се распаѓа со сончева енергија.

Резултатот од реакцијата е вештачки гас, кој се состои од водород и јаглерод моноксид. Добиената мешавина се користи за добивање на јаглеродно гориво, вклучувајќи и керозин.

Следната фаза од проектот  на Швајцарците предвидува создавање на голема сончева централа. Изградбата веќе почна во близина на Мадрид, а целта е да се постигне профитабилно извлекување на керозин на индустриско ниво.

Според процентките соларните панели со површина од еден километар квадратен можат да обезбедат доволно енергија за производство на 20.000 литри керозин дневно. Соларниот генератор со 1/3 од пустинската област Мохаве или околу 3.500 км2, целосно ќе ги задоволи потребите на воздухопловството низ целиот свет.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK