Што се случува кога ќе сипете кока-кола во резервоарот? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во желба да дознае што би се случило доколку сипе две литра кока-кола во резервоарот, едно момче одлучило да го направи тоа во резервоарот на BMW 320i.

Прашањето е дали автомобилот ќе работи доолку во него ќе сипе цело шише од газираниот пијалок? Момчето од Youtube каналот „TechRax“ за  овој експеримент купил BMW 320i модел а 1000 долари, па почнал со експериментот.

Во автомобилот имало само 2-3 литри гориво, па после сипувањето на Кока-колата соодносот бил од прилика 50:50.

На почетокот автомобилот работел сосема нормално, но после само 60 секунди, почнале да се слушаат различни звуци за на крајот моторот целосно да престане со работа.

Автомобилот бил однесен на поправка која чилена околу 1.300 долари, што значи дека поправката била поскапа од купувањето на самиот автомобил. Затоа, немојте да правите вакви работи со вашите миленици доколку не сакате целосно да ги уништите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK