Што предвидува Continental: Ако не се работи после април последиците од коронакризата ќе бидат непоправливи

ОБЈАВЕНО НА:

Со оглед на тоа што епидемијата на коронавирусот во Германија е на самиот почеток во последните денови Лотар Вилер, кој е претседател на германскиот Институт, “Роберт Кох” упорно зборува и упатува совети. Тој советува дека пикот допрва треба да се случи, а процената на научникот од Универзитетот „Јохан Гутенберг“ од Мајнц е дека тоа ќе се случи во јуни.

Притисоците на економијата се големи, па од Continental, најголемиот производител на делови за автомобилската индустрија нагласуваат дека штетите ќе бидат непоправливи ако периодот на неработење трае подолго од април. Експертите од овој Универзитет развија две сценарија со по три модели, а разликата е во траењето на епидемијата, ако се споредбат сите проекции е помала за месец дена.

Според песимистичкото сценарио во првиот модел, ако забраните за непосреден контакт бидат укинати после Велигден (портокалова линија) следува голем пораст на бројот на заразени, а потоа и остар пад. Меѓутоа, прашање е како здравствениот систем би се носел со повеќе од 1,3 милиони заразени граѓани во еден интервал.

Со ограничен карантин, затворени училишта, градинки, јавни установи… сè месец дена после Велигден (зелена линија) врвот би се случил подоцна, но крајот на епидемијата би се одолжил до август. Со сите мерки за карантин (црна линија) бројот на заразени ќе биде многу помал, но епидемијата ќе се смирува дури до септември.

Според пооптимистичкото сценарио, ќе бидат заразени до 200.000 луѓе и епидемијата би требало да заврши месец дена порано.

Прашање е што да се направи и кој пат германските политичари ќе го изберат. Притисоците на економијата се огромни, па од Continental, најголемиот производител на делови од автоиндустријата во Европа, веќе нагласуваат дека штетата ќе биде непоправлива, доколку период на неработење трае подолго од април. Од друга страна во игра се и човечките животи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK