Што најмногу ги плаши жените зад воланот?

ОБЈАВЕНО НА:

Бројките покажуваат дека најголемите проблеми, пред кои се исправени жените, кога возат во темница, се тоа што се чувствуваат заслепени од автомобилите кои наидуваат од спротивен правец, а ова го сметаат 63 проценти. 29 проценти се помалку способни да го оценуваат растојанието и 23 проценти не смеат да претекнуваат

Возењето во текот на зимата секогаш носи различни опасности, а притоа има различни типови на возачи меѓу кои се и дел од плашливите кои имаат различна фобија. Преку зимата не се опасни само лизгавите патишта. Поради намалувањето на денот се вози многу повеќе во мрак. Ова предизвикува страв за многумина. Особено жените имаат проблеми со возењето во текот на ноќта, а тоа го покажува тековната студија на AutoScout24 и Innofact.

Жените се много поиритирани од возењето во текот на ноќта, а тоа го признаваат 87 проценти од испитаните. Тие изјавуваат дека темницата негативно влијае на нив, но истото го кажуваат и 73 проценти од мажите. Соодветно 31 процент од жените возат при лошо осветлување, амо кога тоа е апсолутно неопходно.

Бројките покажуваат дека најголемите проблеми, пред кои се исправени жените, кога возат во темница, се тоа што се чувствуваат заслепени од автомобилите кои наидуваат од спротивен правец, а ова го сметаат 63 проценти. 29 проценти се помалку способни да го оценуваат растојанието и 23 проценти не смеат да претекнуваат.

Покрај ова секоја втора жена вози побавно в теминица, но тоа е така и кај секој трет маж. Возрасните луѓе се склони да ги оставаат автомобилите во текот на ноќта и да не ги возат, а помладите често погрешно го проценуваат растојанието во темница.

Возраста на испитаниците исто така влијае на нивната проценка за сопственото однесување при возење за време на темница. На пример 31 процент од возачите над 50 години велат дека возат само во темница, кога има потреба за тоа, но само 12 проценти од оние под 30 години претпочитаат да го остават автомобилот на мир кога ќе се стемни.

Меѓутоа, не се само повозрасните возачи кои доживуваат сообраќајни несреќи во темница. На пример 27 проценти од луѓето под 30 години признаваат дека имаат проблеми со пресметување на растојанието додека само 20 проценти од искусните возачи имаат слични пробнлеми. Покрај тоа помладите возачи често се поуморени и неспособни да се концентрираат кога надвор ќе стане темно во текот на зимата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK