Што бараат жените кога купуваат нов автомобил?

ОБЈАВЕНО НА:

Навиките и искуствата во текот на возењето прават жените да бидат рамнодушни кон автомобилите за кои мажите воздивнуваат. Продавач на авто делови од Пенсилванија „CJ Pony Parts“ спроведе истражување на навиките и потребите кои возачите на двата пола ги покажуваат во текот на возењето на автомобилот. Резултатите зборуваат дека мажите при купување на автомобили се двојно понеодлучни.

Жените во одбирањето на нов автомобил главното внимание го насочуваат кон издржливоста, сигурноста, безбедноста и цената, додека мажите го ценат ентериерот, надворешниот изглед, технологијата и димензиите на автомобилот.

За жените е важна и практичноста, за разлика мажите кои при купуање се водат од емоциите и фантазиите. Овој податок не е во склад со стереотипите кои сугерираат дека жените се поемотивни од мажите. Интернет страницата за продажба на автомобили Cars.com пронајде уште некои специфичности по кои двата пола се разликуваат.

Доста често жените пребаруваат автомобили кои се одликуваат со помала потрошувачка и практични димензии, а мажите сакаат моќен теренец или спортски модели како Mustang. Дамите многу не гледаат на дополнителната опрема како што е премиум аудио пакетот, кој може да биде пресуден при донесување на одлука за купување, кога се во прашање мажите.

Околу 33 проценти на жените одлуката за купување ја донесуваат дури после пробното возење, за разлика од мажите каде што пробното возење е најважниот фактот за одлучување во 29 проценти од случаите.

Истражувањето направено од страна на сајтот iSeeCars.com зборува за тоа дека бојата на автомобилот игра многу поважна улога доколку го купува жена. Меѓу главните фаворити кај двата пола се белите, црните, сивите и металик возилата. Жените почесто се одлучуваат за тиркизни нијанси, а меѓу фаворитите се златните и сините автомобили. Ги избегнуваат жолтите, портокаловите и црвените.

За време на саемот во Чикаго беше одржана панел дискусија под називот „Што ја придвижува“. Главната тема се преференциите на дамите при купување на автомобилите.

„Жените имаат значајно влијание на купувањето на автомобили ширум светот. СУВ моделите денес се омилени меѓу нив. Повеќе ги сакаат отколку лимузините бидејќи се кренати. Тоа им дава можност за полесно влагање и излагање од возилото, лесно уфрлуање на багажот, возење на децата и домашните миленици. Станува збор за возила кои ги одликува подобра прегледност, поудобни се и имаат поголем багажник“, вели основачката на Женскиот водич за автомобили, Скоти Рис.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK