Шест клучни сијалички на контролната табла – секогаш мора да знаете што значат!

ОБЈАВЕНО НА:

Влегувате во автомобилот, го стартувате и тргнувате. Некогаш и не забележувате дали некоја сијаличка трепка или почесто се појавува на инструмент таблата. Најважна за вас сигурно е таа за нивото на гориво во резервоарот. Но, секогаш има важни сијалички што не треба да ги игнорирате.

Сигналните светилки на контролната плоча често укажуваат на одредени сериозни проблеми со автомобилот, па затоа е многу важно да се знае што секоја од нив значи. Заедно со десетина други сијалички за предупредување и слични пораки, возачот често би можел да се загуби. Во шумата на информации важно е да се изберат оние кои вредат односно оние кои ви јавуваат некои клучни проблеми со автомобилот.

Затоа направен е избор на шестте најважни сијалички на контролната табла во автомобилот.

Индикатор за воздушни перничиња

Во составот на воздушни перничиња дошло до грешка. На самите перничиња, затегнувачите на ремените или другите системи од пасивна безбедност.

Индикатор за АBS

Дефект на системот АВЅ, можни се потешкотии и блокирање на кочниците.


Акумулатор

Алтернаторот не го полни акумулаторот.


Кочници

Можеби е вклучена рачна кочница, а можен е и дефект на кочниците или недостаток на течност за кочење.


Контрола на моторот

Можни се проблеми со издувниот систем или компонентите на моторот не се исправни.


Притисок на маслото

Паднат е притисокот на маслото и проверете го неговото ниво. Можни се и тешки оштетувања на моторот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK