Сега и самите ќе можете да го проверите на квалитет на бензин (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Студенти од Универзитетот за авијација во Новосибирск создадоа тестер со кој за само неколку секунди може да се одреди квалитетот на бензинот. Тој се состои од светлосна и мерачка призма.

При нанесување на неколку капки од горивото над стакленцето на скалата се покажува бројката на октаните.

Трупот на уредот ќе се печати на 3D-принтeр. Приборот е многу покомпактен и поевтин од другите кои се слични на него. Според некои информации цената треба да биде 2.000 рубљи (28,4 евра) што е многу помалку од системот за гориво.

Според планот, сериоското производство би требало да почне за пола година, но уште има недостатоци кои треба да бидат отстранети.

Студентите од Новосибирск планираат да го усовршат тестерот за да може исто така да се одредува и квалитетот на маслото и антифризот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK