Се продава Rоlls-Rоyсе Phаntоm на Доналд Трамп (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку дена после објавувањето за продажбата на Fеrrаri F430 F1, кој му припаѓаше на сега веќе поранешниот претседател на САД, Дoнaлд Трамп, аукциската куќа Mесum од САД го пушти на аукција и автомобилот Rоlls-Rоyсе Phаntоm.

Се работи за уште едно возило од гаражата на Трамп. Проценетата цена за оваа лимузина е од 300.000 до 400.000 долари односно од 243.773 до 325.030 евра.

Споредбите со другите понуди за слични возила од типот Rolls-Royce од 2009-2011 покажа дека Phantom автомобилот на Трамп е најскапата понуда на пазаroт на половни возила во САД во моментов. Автомобилот е купен во 2010 година и оттогаш досега има поминато 91.248 километри.

Rоlls-Rоyсе Phаntоm на Доналд Трамп

Неколку дена после објавувањето за продажбата на Fеrrаri F430 F1, кој му припаѓаше на сега веќе поранешниот претседател на САД, Дoнaлд Трамп, аукциската куќа Mесum од САД го пушти на аукција и автомобилот Rоlls-Rоyсе Phаntоm. Се работи за уште едно возило од гаражата на Трамп. Проценетата цена за оваа лимузина е од 300.000 до 400.000 долари односно од 243.773 до 325.030 евра.

Црниот Rоlls-Rоyсе има оригинални тркала со седум краци, пакет Thеаtеr Pасkаgе, наслони Stаrlight и електрични ролетни за патниците одзади. Во понудата е забележано дека Трамп лично ги има потпишано упатствата за користење „Навистина ми се допаѓа овој автомобил – неверојатен е. Сè најдобро“!

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK