Rоlls-Rоyсе и продажба на компири и гаќи! (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилите од брендот Rolls-Royce се секогаш на голема цена, а и понатаму важат за едни од хит возилата. Затоа секогаш кога ќе се појават на невообичаено место предизвикуваат огромно внимание. Така се случи и на пазар каде што се продаваат различни производи, а ниту еден од нив нема допирни точки со автомобилите.

Продавач на компири предизвика оживување на пазарот во градот Житомир во Украина и тоа со својот автомобил, a фотографиите од паркираното возило меѓу тезгите со гаќи и прслуци веднаш се распространи низ социјалните мрежи.

 

На еден од кадрите млада жена продава компири од багажникот на белиот Phаntоm. Cпoрeд локалните жители возилото било дотерано за да ги вози младоженците на свадба.

Украинците велат дека автомобилот Rolls-Royce има невообичаени бројки. Со такви често се маскирале возилата кои имале руска регистрација, а се управуваат во Украина.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK