Редок примерок Ford Mustang најден во стара гаража (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во стара гаража во САД беше пронајдено возило произведено во 1966 година, а се работи за многу редок примерок на Ford Mustang Shelby GT350H. Тој автомобил е на висока цена и е во добра состојба, па се проценува дека би можел да биде продаден за сума од 150.000 долари.

Shelby GT350H е произведен по нарачка на компанијата за изнајмување на автомобили Hertz во рамки на нејзиниот проект Rent-a-Racer (изнајмување на тркачки автомобил) и од него се произведени само 1001 примерок.

Во 60-тите години на имнатиот век овој автомобил често бил изнајмуван за учество во трки. Во слободна продажба и бил пуштан, а од Hertz биле распродавани автомобилите купени од компанијата.

Ford Mustang Shelby GT350H е опремен со 4,7 литарски V8 мотор со моќност од 306 коњски сили, кој работи со реткиот 4-степен механички менувач (таков е монтиран само на 86 автомобили).

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч му одзема време од 6,6 секунди, а максималната брзина е 200 км/ч. Автомобилот кој е пронајден имал неколку несреќи, по што бил оставен, но сега ќе претрпи целосен ремонт.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK