Речиси секој втор автомобил во Македонија има вратена километража!

ОБЈАВЕНО НА:

Кога купувате половен автомобил, а се почесто размислуваме само за користени, а не и за нови возила, еден од најголемите стравови е дали километражата е релана? Или можеби продавачот вратил неколку илјади километри, иако често се тоа и над неколку десетина илјади па и повеќе од 100.000 километри.

На тој начин се прикажува дека автомобилот има поминато помалку километри, и се разбира и неговата цена ќе биде повисока, можеби и за некоја илјадарка евра повеќе. Така полесно се продава приказната дека „автомобилот го возела баба и тоа само до пазар“. Па и кога купувате автомобил секогаш прашувате – од која земја е увезен?

Тоа е поради фактот што во некои земји процентот на автомобили со вратена километража е многу мала, а некаде многу висока. Според популарната апликација за дијагностицирање на возила – Carly, Македонија е една од земјите во Европа каде има највисок процент на враќање на километражите, и речиси секое второ половно возило што се продава има „местена километража“.

Апликацијата Carly има над милион корисници, и со нејзе може да се пристапи кон разни податоци од дијагностичкиот систем на автомобилот. Исто така може да се провери дали декларираната километража е вистинска или има враќање.

Според оваа апликација, во Бугарија измамите со вратена километража е честа појава. Таму се изманипулирану дури 42 отсто од бројачите. На скалата на земји каде има најголеми измами се наоѓа и Малта. Таму бројките се 44 отсто.

Во друштвото на најлошите се наоѓа и Македонија, која е на исто ниво како и Бугарија. Од другите земји во околината, најдобри се Словенија и Унгарија, потоа следуваат Грција и Хрватска, а полоши се БиХ, Србија и Албанија. Но, сепак Македонија е најлоша од сите нив.

Ако се верува на апликацијата Cаrly, тогаш секој 10-ти увезен автомобил од Германија има вратена километража, бидејќи таму процентот е 10 отсто. Но, многумина тврдат дека тој процент е многу повисок.

Овие податоци кажуваат дека треба да се отворат добро очите кога се купува автомобил особено половена.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK