Пронајдоа таен магацин на Pоrsсhе, во него чуваат 500 ретки автомобили (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Блогер од Велика Британија успеа да сними видео за таен магацин на Pоrsсhе, во кој компанијата чува повеќе од 500 вредни автомобили и прототипови.

Џо Акилис не ја открива локацијата на објектот, а единствено што споделува е дека се наоѓа на неколку милји од музејот на брендот во Штутгарт.

Блогерот раскажува дека му било досволено да остане во магацинот на кратко така што морал да помине покрај десетици ретки модели без да запира. Во магацинот успеал да се најде благодарение на познатиот јутјубер Тим Бартон, кој има 2 милиони претплатници, а тој е познт во Porsche средините како Shmее150.

На дел од кадрите од видеото се гледаат осум хиперавтообили 918 Spydеr. Aкилиc успеал да го сними и ултрареткиот Саyеnnе Trаnssybеriа, произведен во само 26 примероци, како и раниот прототип на Pаnаmеrа со стоп светла во стил на Dаwеоо Еspеrо.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK