Претвори стара Tоyоtа во суперавтомобил (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

На рускиот сајт за продажба на автомобили аutо.ru се појави објава за продажба на MсLаrеn F1, кој никако не наликува на оригиналниот. „Суперавтомобилот“ е направен на база на Tоyоtа MR2 и чини 1.750.000 рубљи што е еднакво на 20.276 евра.

Репликата има рачно изработена каросерија со кренати врати, а на задниот дел се „појавиле“ две места за влез на воздух. За разлика од F1, внатрешноста на овој автомобил е со две седишта.

Во техничкиот план, автомобилот и понатаму си останува Tоyоtа MR2.

Дволитарскиот мотор со моќност од 165 коњски сили работи со петстепен рачен менувач, иако во описот се посочени карактеристиките на оригиналот со 6.1-литарски V12 cо 627 коњски сили..

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK