Предности на турбо моторот пред атмосферскиот

ОБЈАВЕНО НА:

Турбо моторите стануваат сè попопуларни, а произведувачите на автомобили масовно се насочуваат кон нив за сметка на атмосферските мотори. Многу е интересно прашањето што е она што ги тера купувачите да се насочат кон моторите со турбина?

Има секакo неколку причини за ова, а во продолжение можете да видите девет одговори кои ќе ви ги појаснат работите.

Штедливост

Кај атмосферските мотори околу една третина од енергијата од согорувањето на горивото е потполно бескорисна и излегува со издувните гасови. Турбокомпресорот дозволува да се искористат високите температури и гасни притисоци за зголемување на снабдувањето со воздух на клиповите.Тоа води до заштда на гориво. На пример автомобил од C-сегментот при градско возење троши 2,5 литри на 100 километри помалку. Разликата на долг пат е близу еден литар.

Вртежен момент

Турбо моторот на бензин обезбедува висок вртежен момент во широк спектар на вртежите, почнувајќи од најниските нивоа. Тоа се случува благодарение на турбинските сечила или едноставно со пренесување на гасот околу турбината. При еднаква моќност моторот со турбо забрзува многу побрзо од атмосферскиот мотор.

Работа со разреден воздух

На повисока надмораска височина (1500-2000 метри) атмосферскиот мотор почнува да снемува воздух. Покрај тоа, самиот воздух е разреден и затоа клиповите почнуваат компресија на пониско ниво. Во исто време блокот за управување на турбо моторот го менува режимот на работа на турбината и продолжува да се напојува со воздух.

Димензии

Турбо моторот има помалку тежина и помали димензии на цилиндрите, кои на сето тоа се и помалку на број. Тоа ја подобрува економичноста и компактноста на самиот автомобил. Во моментов се користат дури и два или трицилиндрични мотори. Компактните димензии исто така овозможуваат лесен дизајн на хибридни погонски единици.

Екологија

Турбо моторите се поефективни при согорувањето на горивото во цилиндрите и соодветно имаат пониско ниво на штетни гасови. На пример, благодарение на користењето на мали турбо мотори концернот Peugeot-Citroen успеа да го заземе првото место по ниско ниво на CO2 во Европа – 110,3 г/км. За споредба, средниот показател на произведувачите на континентот е 123,7 к/км.

Помалку бучава

Турбината на патот на издувните гасови го намалува нивниот проток. Сооветно на тоа, истото се случува и со системскиот шум. Се разбира, автомобилите со атмосферски мотори исто така треба да покриваат одредени норми за бучава, но кај нив тоа се постигнува потешко во споредба со турбомоторите.

Подесување

За оние, кои сакаат да ја зголемат моќноста на својот автомобил, турбо моторот нуди одлични можности. Зголемувањето може да се удвои. Факт е дека од тоа страдаат потенцијалот и ресурсите на моторот, но тоа е сосема друга приказна.

Понуда на мотори

Кога производителот има потреба од неколку мотори со различна можност, на пример за различни пазари, тогаш понудата лесно може да биде постигната со еден мотор. Потребно е само да се смени режимот на работа на неговата турбина или да се постави втора турбина. Моторот произведен во голема серија е поевтин за серивисирање.

Дизел

Моторите на дизел во последните 20-25 години во принцип не минуваат без турбо. Благодарение на тоа тие нудат мала потрошувачка на гориво, комбинирана со висок вртежен момент. Дизел моторот работи со релативно ниски вртежни и затоа има помалку време за подготовка на смесата за согорување. За добивање на потребната моќнос е потребно да се согорува многу гориво во големо количество воздух, а тоа се обезбедува од турбината.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK