Половни возила стари до пет години што губат најмалку од вредноста

ОБЈАВЕНО НА:

Истражувањето е направено од iSeeCar и се однесува на американскиот пазар. Американците се експерти за статистика, па затоа и најчесто имаат различни истражувања.

Проблемите со недостаток на чипови во автомобилската индустрија направи да се чека за испорака на возилата и по неколку недели, па дури и месеци. Во таква ситуација ако сакате автомобил веројатно ќе се решите да го купите на секундарскиот пазар и да побарате половно возило што секако ќе можете да го добиете веднаш.

Половните возила држат цена, но секако се бараат модели кои имаат репутација на „помалку расипливи“ и оние „што држат цена“, па иако сакате да ги продадете нема да загубите многу од вложеното.

Новата студија покажува кои модели се најдобро рангирани, а чија цена најбавно паѓа. Студијата се однесува на американскиот пазар. Истражувањето го спроведе реномираниот iSeeCars, анализирајќи повеќе од 8,2 милиони возила од моделот 2016 година, со цел да се утврди кои модели цената паѓа најбрзо или најбавно по пет години.

Првото и најинтересно откритие на студијата е дека просечната цена на возило старо пет години паднала за 40,1 отсто во 2021 година, што е помалку во споредба со 49,1 отсто од претходната година.

Најдобрите модели во однос на падот на цените во првите пет години губат вредност од 1,6 до 4,4 пати помалку од просекот.

Според истражувањето, Jeep Wrangler губи само 9,2 отсто од вредноста по пет години или само 2.796 долари. На второ место е Wrangler Unlimited со пад на вредноста од 10,5 отсто, а потоа следат Porsche 911 (12,8 отсто), Toyota Tacoma (13,8 отсто) и Toyota Tundra (19,5 отсто).

Генерално, спортските автомобили се рангирани на пет места во првите 10, а Ford Mustang и Chevrolet Corvette се на шестото и седмото место, соодветно. Chevy Camaro и Dodge Challenger се на осмата и деветтата позиција, со пад на вредноста од 23,6 и 24,4 проценти, соодветно.

Во САД, купувањето електричен половен автомобил е паметна опција. Nissan Leaf има најголем пад на цената во последните пет години, губејќи 65,1 отсто од почетната вредност од 23.666 долари. Втор е BMW i3 со пад на цената од 63,1 отсто. Во првите пет модели чија вредност најмногу паѓа се BMW Серија 7 (61,5 проценти), Maserati Ghibli (61,3 проценти) и BMW X5 (60,3 проценти).

Сигурно дека вакво истражување во Европа ќе донесе сосема други податоци и некои други модели ќе се појават на листата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK