Половни возила со овие мотори треба да ги избегнувате

ОБЈАВЕНО НА:

Купувањето на половен автомобил знае да предизвика вистински главоболки. Првите се при наоѓањето на соодветниот автомобил, а вторите главоболки по купувањето, особено ако истиот и не се погоди најдобро.  Понекогаш половно возило е најдобрата опција за вас, особено ако немате доволно пари за нов.

Во низата совети за тоа на што се да внимавате кога купувате половен автомобил и кои се треба да ги избегнувате, во продолжение ви прикажуваме зошто треба да ги избегнувате автомобилите со следните седум мотори.
Се разбира дека вие можеби имате искуство со некој друг модел, за кој сметате дека е недоволн доверлив и има проблеми, но оваа листа е направено според бројот на дефекти и зачестеноста.

Некои од моделите можеби и ги нема често кај нас, ниту пак се наоѓаат во возилата на плацевите што ги има кај нас, ама сепак е добро да се знае од што да се избега ако веќе решите да купувате возило.

Audi/VW 1.8 T

Овој мотор практично може да се најде кај сите модели од Volkswagen Групацијата – од Skoda Octavia па се до Audi A6. Без разлика кој модел од кој бренд, сите автомобили опремени со овој мотор имаат проблем со преголемата потрошувачка на масло.

Друг, позначаен проблем се парите кои треба да ги издвоите за одржување особено доколку купувате автомобил со поголема километража.

BMW 2.0 diesel (N47/N47D20A)

Популарноста на половните BMW автомобили секогаш била голема, меѓутоа популарноста на овој мотор и не толку. Причината е што најчестиот проблем кој го предизвикува синџирот во моторот кој често знае да излезе од “баланс”.

Сето ова знае да ве чини многу бидејќи за фиксирање на овој чест проблем механичарот ќе мора да го извади целиот мотор.

Овој мотор се наоѓа под хаубата на серијата 1, 3 и 5 како и моделите X1 и X3 произведени помеѓу 2007 и 2013 година.

Mazda 1.3 L Rotary Renesis

Mazda е препознатлив бренд по својот квалитет меѓутоа има и исклучоци. Станува збор за ротациониот мотор кај моделот RX-8. Негативна страна е тоа што моторот во одредени моменти знае да продуцира помала компресија, а како негативна страна е и тоа што знае да покаже голем апетит за масло.

Поправањето на овој проблем знае многу да го чини вашиот семеен буџет.

VW 1.2 TSI petrol

На оваа неславна листа се најде уште еден мотор на германскиот производител Volkswagen. Станува збор за бензинскиот 1.2 TSI мотор кој покрај Volkswagen се користи и кај неколку модели на Skoda и Audi.

Најзаслужен за тоа што овој мотор се наоѓа на оваа листа е синџирот кој се покажа дека не е многу отпорен. За фиксирање на катастрофалните штети што може да ги предизвика потребни може да ви бидат илјадници евра.

Toyota 3.0 petrol V6

Јапонскиот производител Toyota како и Mazda важат за прозиводители со добра репутација. Меѓутоа и тие може да згрешат. Toyota тоа го направи кај 3.0 литарскиот бензински V6 мотор кај кој се забележани поголеми од вообичаените проблеми.

Овој мотор се наоѓа кај моделите Camry, Avalon, Sienna, Highlander и Solara произведени помеѓу 1997 и 2002 година.

Nissan 2.5 petrol four cylinder

Купувањето на Nissan автомобил и немањето на малку среќа може скапо да ве чини. Невообичаеното високата потрошувачка на масло и не толку загрижува колку и самиот проблем со моторот кој може да прегрее и евентуално да предизвика пожар.

Овој 2.5 литарски бензински мотор се наоѓа кај моделите Altimas и Sentra произведени помеѓу јануари и мај 2006 година.

Ford 4.6/5.4/6.8 petrol engine family

Последен на листата, но не со помалку проблеми од претходните се 4.6, 5.4 и 6.8 литарските бензински мотори на Ford. Модуларниот дизајн кој се користи кај големите бензински мотори V8 Ford е пример за лош дизајн.

Проблемот е и загрижувачки и помалку смешен – свеќичките знаат да излезат од качулката.

Американскиот производител го призна проблемот и ги повика сите сопственици на вонреден сервис каде бесплатно им беше саниран проблемот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK