Полицијата радосна – возачите стравуваат: Овој радар „фаќа“ на далечина од 750 метри

ОБЈАВЕНО НА:

Новата полициска камера за мерење на брзина може да ги фати возачите на оддалеченост од 750 метри. „Пиштолите“ TruCam II чинат околу 10.000 евра и имаат и ноќен режим и функција за автоматско фокусирање.

Полициските сили во Велика Британија се опремени со нов вид пиштол за мерење на брзината што може да ја прочита табличката на возилото оддалеку од 750 метри. Направените мерења и проверки низ целата земја ги потврдија испитувањата на ласерот за мерење на брзина TruCam II, шти чини околу 10.000 евра. Уредите работат и во текот на денот и во мракот благодарение на новата опција за режим на ноќта

TruCam може автоматски да се фокусира на автомобил што се приближува оддалеку од половина милја, со податоците за возилото што се наоѓаат во базата на податоци, по што се испраќа известување за наплата на казна до регистрираниот сопственик. Ова значи дека полицијата не треба да ги брка и застанува возачите што возеле со голема брзина.

Користејќи интегриран ласер, TruCam ги мери времето и растојанието помеѓу возилата. Содржи дигитален фотоапарат што може да собира и чува HD видео докази за прекршок со брзина. Самиот уред е всушност способен да чита таблички од далечина од 1,5 км, но полицијата во Велика Британија ги калибрира на 750 метри, во согласност со толеранциите поставени од Владата на Велика Британија.

Различни полициски сили – вклучително и Глукстершир, Нортумбрија и полицијата на Ворвикшир – започнаа да го користат TruCam II. Полицијата на Јужен Маклсфилд – дел од полицијата во Чешир – објави на Твитер дека го користела уредот повеќе пати без да фати никого, но при неодамнешното излегување некој бил фатен со брзина над 60 км/ч на час во зона од 50 километри на час.

TruCam II беше одобрен за употреба од страна на полициските сили во Велика Британија уште во јуни Претходната генерација TruCam – што можеше да се користи само во текот на дневните часови – ја користеа некои сили во земјата повеќе од шест години.

А ако се покаже ефикасна во В.Британија, и покрај високата цена сигурно е дека ќе се најде и во рацете на други полиции…. Кај нас… па можеби за некоја декада…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK