Платил вињетка со монети тешки 13,6 кг. (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Пари се пари без разлика дали се книжни или монети. Најважно е да имате средства да ја платите услугата што ви е потребна. Од оваа девиза се водеше и еден бугарски државјанин кој требал да купи вињетка за неговиот автомобил. Тој ја купил вињетката за неговиот автомобил со монети.

Но, не било какви монети туку со оние од 1 и 2 стотинки (најситните монети во Бугарија). Бугаринот носел неколку торби со себе кои тежеле 13,6 килограми.

Првично службеникот не сакал да ги прими ситните пари, но потоа откако телефонски се консултирал со претпоставените почнал со броењето. Им требало околу 30 минути да бидат преборени парите. Во броењето биле вклучени две службенички.

Од 1 јануари 2019 година во Бугарија се воведува електронска вињетка за користење на патиштата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK