Платил 200.000 долари за Аstоn Mаrtin DB5 бeз мотор (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Непознат ентузијаст плати 200.000 долари (170.537 евра) за реплика на класичниот Аstоn Mаrtin DB5 oд 1964 година од филмовите на Џејмс Бонд. Однадвор копијата е практично идентична со оригиналост, но станува збор само за украс бидејќи истата нема ниту мотор ниту менувач.

Каросеријата на автомобилот е направена од фибeрглас и е закачено со тубуларна рамка. Браниците од нерѓосувачки челик се изработени специјално за репликата, а фаровите и стоп светлата се напојуваат од батерии, додека решетката на ладилникот, амблемите и тркалата се земани од вистинскиот Аstоn Mаrtin.

Со оглед на тоа што станува збор за автомобил на Џејмс Бонд, копијата е преполна со различни шпионски гаџети, вклучувајќи и лажна радарска антена, регистарски таблички кои се менуваат, штит од куршуми на багажникот и уред за испуштање на чад. Во арсеналот исто така се вклучени и лажни митралези со регилирачка сила на шум од истрелите и амблеми „007“.

Aston Martin DB5 – реплика

Непознат ентузијаст плати 200.000 долари (170.537 евра) за реплика на класичниот Аstоn Mаrtin DB5 oд 1964 година од филмовите на Џејмс Бонд. Однадвор копијата е практично идентична со оригиналост, но станува збор само за украс бидејќи истата нема ниту мотор ниту менувач.  

Внатрешноста е тапацирана со вештачка сива кожа, монтирани се ретро телефон и радарска мапа со трепкачки светлосни индикатори. Кога ќе се притисне копчето „Еjесt“ („Катапултирање“) патникот покрај возачот чувствува силен притисок под седиштето.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK