Пет совети за безбедно претекнување

ОБЈАВЕНО НА:

Грешките кои ги прават возачите на патот секогаш завршуваат со непријатен резултат. Кинетичката енергија на автомобилот расте пропорционално на квадрат на неговата брзина. Поточно, енергијата на превозното средство при брзина од 120 км/ч не е два туку цели четирипати поголема од таа при 60 км/ч.

Двете најчести причини за сообраќајки на магистралата или на патот надвор од градот се преголемата брзина и претекнувањето. При првата ситуација работите се сосема јасни, но при втората не е така. Многу возачи допуштаат грешки или не се однесуваат сериозно кон тој маневр.

Помагајте им на другите при претекнување

Некои возачи мислат дека се на трка и треба да ги претекнат сите, а во исто време со тоа не дозволуваат никој да ги претекне. Тоа не е само глупаво туку и опасно. Ако видите, дека зад вас некој претекнува не му пречете. Не ја зголемувајте брзината без причина и не претекнувајте. Подобро придвижете се лесно кон страна и дајте му начин да сфати дека сте го виделе и дека ќе го пропуштите.

Ако видите дека точно во тој момент не е добро да се прави таков маневр поради тоа што од другата страна наидува друго возили, трепкајте трипати со левиот трепкач, за да го предупредите тој што вози зад вас, но во никаков случај не му пречете. Бидете подготвен за да ја притиснете сопирачката за да му направите место за да влезе пред вас. Во спротивен случај се изложувате на опасност од удар, каков вас, така и него, но и луѓето кои возат спротивна страна.

Претекнувајте брзо

Колку побрзо ќе го поминете тој што вози пред вас, толку побезбедно ќе го направите тоа. Следната слика се гледа често. Автомобилот прво навлегува во сообраќајната лента за движење во спротивен правец и тогаш почнува постепено да забрзува. Во крајна сметка таков маневар може да потрае десет секунди, а тоа е цела вечност и е многу опасно.

Идеалното претекнување трае 3-4 секунди. Кoлку помалку време поминувате во лентата за спротивен правец толку побезбедно е за сите. За да може претекнувањето да биде побрзо треба уште додека сте во својата лента да почнете да ја зголемувате брзината. Кога ќе добиете предност во брзината можете да почнете да навлегувате во другата лента.

Истовремено претекнување

Никогаш не претекнувајте заедно со некој друго. Особено ако автомобилот кој е пред вас е со темни прозорци или едноставно е поголем од вас. Во тој случај се лишувате од видливост и немате никаква претстава што се случува на патот. Соодветно се намалува и времето за реакција. Во исто време и автомобилот доаѓа отспротива исто така не може да ве види и мисле дека спроти него се движи само едно возило.

Особено опасни во ваквите ситуации е да се доближувате до автомобилот пред вас. Ако тој одлучи да закочи или да се престрои назад во лентата на движење, со сигурност ќе го удрите или нема да ви биде доволно времето и местото за да се вратите обратно во својата лента.

Друг проблем се појавува, доколку вашето возило не е толку моќно како тоа напред. Едноставно нема да имате време за да го завршите маневаро што сте го направиле. Често на патиштата се гледа како 20-годишен автомобил се лепи до моќно и ново BMW (на пример), за кое не е проблем да го престигне и брзо да се престрои назад. Старото возило запира многу потешко.

Претекнување на колона

Кога ќе видите цела колона од превозни средства на патот која се движи со мала брзина поради бавен камион или некој стар автомобил со возрасен човек зад воланот, не тргнувајте кон тоа да ги претекнувате возилата едно по едно бидејќи така ризикувате секој пат. Ако не брзате подобрата варијанта е да запрете некаде и да испиете кафе. После тоа кога ќе ја достигнете колоната веројатно во неа ќе бидат останати 2-3 превозни средства кои ќе ги поминете без поголеми проблеми и нервози. Нема да загубите многу време, но ќе останете мирни.

Следете ги знаците

За време на патување е потребно да ги следите како сообраќајните знаци, така и знаците кои ви ги даваат другите учесници во сообраќајот. Често возачите на големи камиони ви ја олеснуваат задачата кога ќе ви дадат знак со трепкачот дека е безбедно да претекнувате или спротивно ќе ве известат дека во тој момент не е добро да претекнувате.

Што се однесува до сообраќајните знаци тие треба да се следат не само за да не ја пресечете полната линија, што ви носи казна, туку и за да не наидете на раскрсница или на пешачка патека додека претекнувате. На тие места претекнувњето е забрането, но е и многу опасно. Многу од удрените пешаци на пешачкиот премин настрадале откако автомобилот на десната лента запира за да им даде предност, но во исто време одлево доаѓа кола која претекнува и нема прегледност.

До опасна ситуација може да се стигне и кога возачот врти во лево излегувајќи од спореден пат. Движејќи се пред вас превозното средство лесно ја намлува брзината за да се овозможи маневрирање. Во тој момент вие одлучувате да претекнувате и се наоѓате на другата лента во која е и другиот автомобил. Тој практично е во својата лента, но вие не. Во повеќето случаи директниот судир е гарантиран.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK