Паметни тротоари во Англија произведуваат електрична енергија

ОБЈАВЕНО НА:

Проектот реализиран од градскиот совет на местото Бедфордшир, каде е инсталирана специјална прекривка на тротоарите на железничката станица Lеightоn-Buzzаr, произведува електрична енергија кога граѓаните преминуваат преку неа. Таканаречените кинетички плочки се проектирани, изградени и инсталирани од компанијата Pаvеgеn, која веќе има склучено договор со градот Бедфордшир за тестирање на две такви патеки.

Човек кој гази на високотехнолошката прекривка, генерира електрична енергија со својата тежина во специјални електрични генератори, кои се монтирани под плочките. Еден чекор на граѓанинот со просечна фигура може да генерира електрична енергија до 4 џули. Кратката експериментална патека во Бедфордшир снабдува две блиски клупи, опремени со два USB Конектори за полнење на различни електронски уреди. Електричната енергија исто така ја поддржува работата на дисплејот, на кој се запишуваат резултатите од експериментот за добивање на електрична енергија.

Програмата Smаrt Kinеtiс Соаting, која генерира електрична енегија се финансира од Министерството за трнспорт на Обединетото крлство во програмата АDЕPT SMАRT Plасеs Livе Lаbs и e во висина од 31,7 милиони долари. Главната цел на пилот-проектот во Бедфордшир е да се демонстрира способноста на технологијата да „извлекува“ електрична енергија од под нозете на пешаците. Положбата на „интелигентните тротоари“ на територијата на транспортните  пруги не е случајна бидејќи таму има голем патнички сообраќај и со самото тоа високо производство на енергија од кинетичките плочки.

Тоа не е првиот пат, кога градскиот совет на Бедфордшир се сврти кон модерните технологии за создавање на алтернативните извори на енергија. Во 2019 година за проектот Livе Lаbs беа издвоени 1,44 милиони долари за инсталација на геотермални сонди на паркинзи. Потопени на длабочина од 150 метри, пет геотермални сонди генерираат енергија потребна за чистење на паркингот од мраз. Покрај тоа градот работи на инсталирање на сончеви панели за осветлување на јавни згради и улици.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK