Овие автомобили најмногу се крадат во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Во САД постојат толку многу истражувачки компании кои секојдневно објавуваат најразлични резултати од најразлични истражувања. Еминентниот издавач Forbes спроведе истражување за тоа кои автомобили најмногу се крадат.

Според резултатите од ова истражување, на врвот на најкраден автомобил се наоѓа Honda Civic. Така во минатата година 45.062 од украдените автомобили биле од овој модел. На втората позиција се наоѓа уште еден модел на Honda. Станува збор за моделот Accord чиј сопственици пријавиле дури 43.764 пати во полиција дека нивниот автомобил бил украден.

На третата позиција како најпривлечен автомобил за крадците е најголемиот пикап на Ford. 35.105 од вкупните украдени автомобили припаѓале на овој модел. На следната позиција е уште еден пикап, но на производителот Chevrolet. 30.058 кражби се однесувале на овој модел. Најпривлечната петорка за крадците ја комплетира Toyota Camry со вкупно 17.278 кражби.

Од шестата па се до десеттата позиција се наоѓаат моделите Nissan Altima, Toyota Corolla, Dodge Pickup, GMC Pickup како и Chevrolet Impala кој е единствен модел на листата со помалку од 10.000 кражби.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK