Ова се најубавите бензински станици во светот (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Во ера на голема комерцијализација и copy-paste продажни концепти, во кои и земји да одиме бензинските станици се речиси идентични. Правоаголен објект за наплата и продажба на прехранбени производи, испуштен покрив под кој се наоѓаат пумпите за точење. Вака изгледаат речиси сите бензински станици.

Сепак има и такви бенизнски станици чија функција едноставно не е само точење на гориво, бензинските станици неретко знаат да бидат вистински архитектонски ремек дела на кои сите се восхитуваат.

Токму во продолжение се прикажани едни од најубавите бензински станици во свет. Уживајте!

Матушково, СЛОВАЧКА

10-те най-красиви бензиностанции в света

Изградена во 2011 годино по проект на локално архитектонско студио, оваа бензинска станциа во малиот град Галанта е најубавата бензинска станица во оваа централноевропска земја. Трите “летечки чинии” придонесуваат за одличен контраст на брутализам со модернизам кој се огледа во правоаголниот објект.

NP Gas, ШПАНИЈА

10-те най-красиви бензиностанции в света

Оваа бензинска станица се наоѓа во близина на главниот град на Шпанија, Мадрид. Инспирација на архитектите Брок и Монео се птиците па оттука покривот асоцира на птици во лет.

НИЕМЕНХАРИ, ФинСКА

10-те най-красиви бензиностанции в света

Распотранета на меѓународната траса од патниот правец E75, оваа бензинска станица со право го носи епитетот една од најубавите во светот. Дело на финското архитектонско студио Puisto, покрај пумпите за точење гориво и супермаркет, во рамките на оваа станица има мотел, рестора па дури и финска сауна.

Батуми, ГРУЗИЈА

10-те най-красиви бензиностанции в света

Во последните години во Грузија активно се форсира модерната архитектура, а овој тренд ги опфаќа и бензинските станици. Една од таквите е онаа во Батуми чиј екстериер во целост е обвиена со стакло.

Helios House, САД

10-те най-красиви бензиностанции в света

Уште една модерна бензинска станица е онаа на Helios House. Оваа бензинска станица која се наоѓа во Лос Анџелес е првата во САД која располага со највисокиот еколошки сертификат. Во неа се вградени дури 90 соларни панели.

Оривал, БелгиЈА

10-те най-красиви бензиностанции в света

Лоцирана на магистралниот пат Е19, оваа бензинска станица која е изградена кон крајот на 90те е најголема во Европа и една од најголемите во светот. Со големи и пространи паркинг простори, ресторани, супермаркет, оваа бензинска станица е една и од најубавите во светот.

365-Fina Europe, ХоландиЈА

10-те най-красиви бензиностанции в света

Дело на архитектот Филип Самин, оваа бензинска станица во холандксиот град Хаутен е со високи огради кои го организираат движењето во бензинската станица. Токму оваа ограда дава чувство дека се наоѓате во бокс налик на оние од Формула 1.

Скоусховед, ДанСКА

10-те най-красиви бензиностанции в света

Мала и едноставна, а сосема убава. Оваа бензинска станица која се наоѓа во Скоусховед, Данска ги следи минималистичките принципи. Надворешноста е украсена со бели плочки, додека на левата страна се наоѓа аналоген часовник од 70те години.

Wissol, ГрузиЈА

10-те най-красиви бензиностанции в света

Уште една бензинска станица од Грузија се најде на оваа лсита. Дизјнирана од германскиот архиктект Јирген Мајер, конструкцијата на ова бензинска станица е од масивен бетон во неправилна архитектонска форма.

Esso Mobil, ВеликА БРИТАНИЈА

10-те най-красиви бензиностанции в света

Оваа бензинска станица изградена во 1964 година го дава тогашниот приказ на футруизмот. Сепак и до ден денес оваа бензинска станица дизајнирана од Елиот Нојс го разубавува пејсажот близу англискиот град Лестер.

МилВОКИ, САД 
10-те най-красиви бензиностанции в света

И на крај, најневообичаената бензинска станица доаѓа од Милвоки (САД). Нема што многу да се каже освен тоа дека на покривот се наоѓа бомбардерот Boeing B-17. Сепак, овој авион е откупен од колекционер и во моментот се реставриа со цел повторно да може да лета.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK