Ова се најдобрите моторите на годината

ОБЈАВЕНО НА:

Aвторитетното американско списание WardsAuto ги избра десетте најдобри мотори за 2019 година. Во процесот, експертите оценија 34 мотoри, меѓу кои не се само агрегати со внатрешно согорување, туку и хибридни мотори, електромотори и системи со горивни ќелии.

Кандидатите се тестирани во период од два месеци, а иако некои мотори се монтираат на неколку различни модели од WardsAuto имаат десет мотори во кои конкретниот мотор го покажува најдобро својот потенцијал.

Моторите кои се прогласени за најдобри се подредени по азбучен ред, а не според рангирањето. Според експерите на WardsAuto сите тие не се само финалисти туку и победници.

BMW X5 (B58, 3.0 литри, Turbo R6, 340 коњски сили)

Со овој мотор баварското СУВ има одлични карактеристики, изобилство од моќ и мала потрошувачка на гориво.

Chevrolet Silverado (6.2 литри, V8, 420 коњски сили)

Проверениот мотор останува и понатаму актуелен. Снабден е со нов систем за деактивирање на дел од цилиндрите со 17 режими на работа и гарантира умерена потрошувачка на гориво при импознантна моќ.

Ford Mustang (5.0 литри, V8, 460-480 коњски сили)

Добриот стар Coyote развива 460 коњски сили во верзијата GT и 480 во Bullitt. Традициите на американските мускулести автомобили се зачувани.

Ford F-150 (3.0 литри, Power Stroke Diesel V6, 250 коњски сили)

Овој пикап исто така е опремен со 5.0-литарскиот Coyote на Mustang, но повеќе му одговара турбодизелот со вртежен момент 470 Нм, кој троши значително помалку.

Honda Accord Hybrid (2.0 литри, R4, електромотор, 212 коњски сили)

Хибридниот мотор развива доволно моќ при исклучителна економичност. Автомобилот може да вози само на струја, притоа без дефицит на моќност, при што електромоторот развива 181 коњска сила. Моторот на бензин генерира 143 коњски сили, а системната моќност е 212 коњски сили.

Hyundai Kona EV (електромотор, 150 кВт/204 коњски сили)

Електромобилот од Кореја нуди висока моќност и огромна автономност по денешните мерки од 415 километри.

Hyundai Nexo FCV (електромотор на водородни горивни ќелии, 163 коњски сили)

Nexo има три шишиња со водород, кои и покрај големиот обем се полнат за пет минути. Автономноста е 800 километри.

Infiniti QX50 (2.0 литри, VC Turbo, 272 коњски сили)

Најзабележителната карактеристика на овој мотор е системот за променлив степен на компресија. Таа обезбедува огромна моќност без кратење на ресурсите при лоша економичност.

Lexus UX 250h (2.0 литри, R4, електромотор, 178 коњски сили)

Овој хибриден мотор припаѓа на групата на победници не толку поради моќноста и потрошувачката на гориво колку поради непречено функционалниот систем за стартување и газење на бензиновиот мотор.

Dodge Ram 1500 (3.6 литри, V6, 305 коњски сили)

Круната на овој мотор е „мекиот“ хибриден систем eTorque, кој се состои само од стартер-генератор и батерија со капацитет 0.3 кВтч. При забрзување таа генерира дополнителни 122-176 Нм или колку 1.6-литарскиот бензинов мотор и ја исполнува улогата на старт/стоп. Со тест пикапот експертите на WardsAuto постигнале портошувачка од 11,2 литра на 100 км.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK