Омилeни автомобили на руската мафија (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Мафијата вообичаено сака скапи, брзи и впешатливи возила со кои ќе покаже дека се посебна класа. Така е барем во филмовите, оние американски што постојано ги гледаме. Таквите возила понекогаш се навистина екстравагантни или пак кич. Но, што е со мафијата зад „железната завеса“? По распадот на Советскиот Сојуз во секоја држава што се појави имаше и многу групи, мафија што управуваше со одреден град, регион или со одредена трговија.

Во тие 90-ти години од минатиот век имало многу пресметки, престрелки во кои сите се бореле за превласт, освојување на територии и да позиционирање. Но, и тие сакаа добри возила. Колку успеваа да најдат од она што го сакаат е друга приказна. Но, сепак имаше и омилени возила на мафијашките шефови.

Германските возила секогаш биле први на листата, барем за оние што можеле да си ги дозволат, или да ги „украдат“. Редакцијата на Russia Beyond направи список на 10-те најпосакувани, односно омилени возила на руската мафија во минатиот век. На таа листа се најдоа следниве возила:

ВАЗ-2109
Единствениот руски автомобил на овој список, ВАЗ-2109 беше брз, релативно сигурен и евтин. Колата ја возеа и луѓе кои немаа допирна точка со мафијата, и опеан е и во популарните песни од тоа време.

BMW 525i
И покрај популарноста на продукцијата на ВАЗ, довчерашните Совети беа сити од домашната автоиндустрија и мечтаеја за странските коли кои го преплавија пазарот по распадот на земјата. ВMW 525i стана симбол на руските 90-ти. Со брзиот германски автомобил бандитите бегаа од полицијата која сѐ уште едвај се движеше возејќи сделано в СССР.

BMW 7
Уште еден модел на БМВ Русите го паметат по тоа што во 90-те беше дупчен со куршуми како швајцарско сирење.

Lincoln Town Car
Американските автомобили посебно беа ценети во Москва и околината. Преголемата и несмасна „Линколн“ лимузина сепак кажуваше многу за статусот на оној што ја возеше. Во Русија по правило тоа беше припадник на елитата во криминалниот свет, тнр. „крадец во законот“ (рус. „вор в законе“).

Volvo 940
Лимузините тешко се пробиваа низ тесните улици на Санкт Петербург. Во северната престолнина на Русија бандитите ги симпатизираа Volvo и Saab од блиското соседство.

Jeep Grand Cherokee
Луксузните автомобили сепак не беа најдобриот избор за лошите руски патишта. Затоа жестоките момци возеа теренци како Grand Cherokee. Можеби џипот и голта многу бензин, но горивото тогаш беше многу евтино.

Mercedes G klasa
Шефовите на мафијата не беа луди по ова теренско возило дизајнирано пред сѐ за потребите на германската и иранската војска. Mercedes Gelandewagen беше премногу бучен и тесен за нив, но не и за телохранителите.

Mitsubishi Pajero
Тешкиот, јак и брз Mitsubishi Pajero ја играше улогата на тенк во борбите за превласт во подземјето. Веќе рековме дека вообичаената слика на тие години беше изрешетаниот БМВ 7. Pajero беше автомобилот кој најчесто го дигаа во воздух.

Chevrolet Tahoe
Ако за Американците тоа беше обичен семеен автомобил, во Русија превезуваше барем девет членови на една вооружена банда.

Mercedes S600
Сонот на сите руски бандити, тронот на тркала, „кабан“, односно вепар, како што беше наречен во Русија, во деведесеттите години страдаше од куршуми и експлозив повеќе отколку сите други автомобили заедно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK