Одбила да ја потпише казната па го возеше полицаецот на хауба (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Да си немаш работа со жена, особено ако е од Јужна Африка и вози Audi. Ова е констатацијата по последното видео кое се појави на интернет, а доаѓа од Јужна Африка.

Станува збор за видео на кое се гледа како жена вози полицаец на хауба неколку метри пред истата да биде принудена да го сопре возилото од друг учесник во сообраќајот.

Како што пренесуваат јужноафриканските медиуми, 27 годишна девојка од Кругердорп била сопрена од локалната полиција поради разговарање на телефон по што полицискиот службеник побарал таа да го згасне моторот на своето возило. Наместо тоа таа веднаш го стартуваше возилото, но со полицаецот на хауба.

За кратко таа е уапсена, а за среќа полицискиот службеник помина без било каква повреда.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK