Нова мода во Париз – лажни ауспуси!

ОБЈАВЕНО НА:

Покрај бројните новитети, светски и европски премиери, убави девојки, нова технологија и мноштвото концепти што се претставија на саемот во Париз што е во тек, една интересна „ситница“ е забележана од новинарите.

Станува збор за мода, или тенденција. А тоа е масовна пракса на монтирање на фиктивни системи за издув, односно ауспуси! И сето тоа е документирано со фотографии дека тоа навистина е тренд што е се позачестен.

Во галеријата ќе видите многу фотографии на автомобили со лажни издувни цевки. Од Kia, преку Toyota Corolla, дури и до премиум модели како BMW X5 и Audi А6. Истите се вградени во пластичните делови на браниците и гледано однадвор изгледаат како вистински. Но, кога ќе се погледне подобро се открива дека станува збор за лажни ауспуси.

Сепак со две издувни цевки сигурно изгледа подобро, но…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK