Nokian Tyres до 2025 година воведува гума од еколошки материјали

ОБЈАВЕНО НА:

Првокласните зимски гуми Nokian Tyres се особено ценети и тоа со генерации на воачи, кои сакаат да се насладуваат на мир во секакви ситуации. Nokian Tyres се грижи не само за тоа да ги штити возачите, туку компанијата исто така неуморно работи за да помогне во зачувувањето на светот околу нас.

Финците ја покажуваат оваа страст во сите нивни активности од дизајнот до производството. Една од амбициозните цели е да се претстави концепт гумата, која користи само обновливи и рециклирани материјали, а тоа би требало д се случи до 2025 година.

Nokian Tyres ја измислија првата зимска гума во 1934 година. Првата зимска гума е плод на вистинска потреба за подобра патна безбедност и оттогаш гумите обезбедуваат безбедни патувања по снег, мраз, дожд и сонце низ целиот свет.

Сепак, сега, повеќе од кога било, безбедноста значи повеќе од секојдневно патување. Секое наше дејствие може да допринесе за благосостојбата на планетата и сè што живее на неа.

Поттикот светот да се направи побезбеден е очигледен во сите активности на Nokian Tyres, од научноистражувачката и развојна дејност до производството. Компанијата избира суровини од одржливи извори, ги намалува емисиите и отпадоците од производствениот процес и внимателно ги проучува своите канали за логистика и продажба. Исто така, проиведува гуми кои допринесуваат за што е можно поекономична потрошувачка на гориво и се изравотени од издржливи еколошко материјали. Патот до побебеден свет, се разбира вклучува создавање на безбедна средина за вработените при градење на просперитетни заедници околу нив

Следната амбициозна цел: концепт гума од обновливи и рециклирани материјали до 2025 година.

Со години Nokian Tyres развива гуми на одржлив начин. Тие веќе користат биолошки материјали како масло од репка во своите продукти и активно ги истражуваат новите еколошки маеријали, како и начините за употреба на рециклираните материјали. И покрај тоа, нивната цел е да ги направат гуми, кои се најеколошки и да се справат со предизвикот, кој си го поставиле: да ја претстават концепт гумата, која е направена целосно од обновливи и рециклирани материјали до 2025 година.

„Ние сме пионери во индустријата повеќе од 90 години. Тоа е цел еден живот на иновации и многу од овие иновации сè уште се во полза на возачите и до денес. Веруваме дека развојот на оваа концепт гума ќе обезбеди здрава основа на идните иновации за подобра иднина“, вели Оли Сепала, раководител на научно истражувачката и развојна дејност во Nokian Tyres.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK