Незадоволен купувач, со Cayenne влета во салон (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Mаж со ново Porsche Cayenne влета во продажниот салон на Porsche во Тајчунг, Тајван, со цел да го искаже своето незадоволство од процесот на купување на ново Panamera Sport Turismo. Oвој тајванец чиј идентитет не е соопштен, минатата година уплатил депозит од 75.000 американски долари за купување на основниот модел на Panamera Sport Turismo и дополнителна опрема.

Така по испораката тој требал да ја плати целата сума од 250.979 американски долари. Сепак тука настанало и недоразбирањето. Локалниот дилер му го испорачал автoмобилот без бараната 4D контролна шасија по што тој одбил да го подигне автомобилот со што дилерот не му го вратила депозитот.

Сето ова него многу го изреволитрало со што одлучил со ново Porsche Cayenne во знак на протест буквално да влезе во автосалонот и да причини материјална штета. Веднаш била повикана полиција по што лицето било приведено и против него била покрената пријава за загрозување, заплашување и предизвикување на имотна штета.

Веднаш по пуштањето од притвор тој повторно се упатило кон авто салонот по што повторно била повикана полицијата. Сепак овој пат тој дошол таму за да преговара за мирно решавање на спорот со што авто дилерот му понудил да му го врати депозитот или да му го достави со онаа дополнителна опрема која ја посакувал, а за која се договорил да плати.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK