Немојте да ги нервирате жените – може ова да ви се случи! (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Луѓето велат дека љубовта некогаш знае да биде болест, а тоа го потврдува и видеото кое можете да го видите во продолжение. Во него може да се види како млада жена го уништува спортскиот автомобил на своето поранешно момче.

Случката се одвива на улица во центарот на Киев, која е полна со минувачи. Девојката прво со спреј на автомобилот напиша „Сволочи“ (Копилиња), а потоа се нафрли на скапото Porsche и почна да удира. Потоа направи пауза и напиша нова порака „Изрод“ и продолжи да удира, по што успеа да ја пробие шофершајбната.

Во целата ситуација најинтересна е реакцијата на луѓето. Тоа се случува на фрекфентна улица, но место да реагираат тие решаваат да снимаат со телефоните и никој не прави ништо за да ја смири жената.

Според информациите на интернет таа одлучила да му се одмазди на поранешното момче кој ја заразил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK