Нема повеќе алергиски реакции: Мирисите во новите автомобили се минато

ОБЈАВЕНО НА:

Мирисот во внатрешноста од новиот автомобил е нешто по кое се издвојува секој производител, а на неговото формирање работат посебни тимови. Сепак, на тоа се ближи крајот и во овој дел од светот, пишува британскиот магазин, Autocar.

Имено, секој од тие мириси се состои од споеви кои се користат во пластика, лепила и текстил, како што се акролеин, ацеталдехид, бензен, етилбензен, формалдехид, стирен, толуен и ксилен. Комбинацијата на наведените споеви често предизвикува алергиски реакции на возачите и патниците, а се споменува и иритација на очите, останување без здив, мачнина, вртоглавица…

Карактеристичен мирис во внатрешноста од автомобилиот веќе забранија во Јужна Кореја, Русија и Кина (од 2021 година). Ford веќе го патентираше производствениот процес кој во потполност го отстранува мирисот.

Економската комисија на Обединетите нации за Европа, донесе насоки и за стариот континент, а проценката е дека произведувачите на автомобили многу брзо ќе ги неутрализираат мирисите во внатрешниот дел од возилот поради студиите за алергиски реакции.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK