Неколку важни совети за летните гуми

ОБЈАВЕНО НА:

Од средината на март можете слободно да се возите со летни гуми на автомобилите откако заврши задолжителната употреба на зимска опрема. Но, некои сигурно уште извесен период ги возат зимските гуми. А некои пак и во лето не ги менуваат. Но, секако кога веќе доаѓа време за менување на гумите и монтирање на летните треба некои работи да ви бидат познати.

Сменете ги гумите кои биле во употреба повеќе од шест години дури и да има остатоци од шарите. Староста на гумите придонесува за намалување на безбеднста.

Проверете ја длабочината на шарите. Од безбедносни причини минималната длабочина на шарите е 4мм. Користењето на истрошени гуми ќе го продолжи потребниот пат за запирање на автомобилот и ќе го направи потежок за управување.

Проверете ги страничните ѕидови и шарите на вашите гуми за секов вид на пукнатини и испакнатини.

Проверете ги главните канали. Сите големи камчиња, кои се заглавени во главните канали ќе навлезат длабоко во гумата за време на возењето и можат да предизвикуваат оштетување на гумите.

Проверете дали сите гуми се рамномерно истрошени. Сменете ги местата на предните и задните гуми за порамномерно истрошени. Поставете ги двете гуми со најдобра состојба на задниот дел за поголема безбедност.

Редовно проверувајте го притисокот на гумите. Правилниот притисок ја заголемува безбедноста, го продолжува животот на гумите и ја намалува потрошувачката на гориво. Треба да се проверува притисокот на гумите на секои три недели и на секое подолго патување. Проверете го притисокот кога гумите се ладни.

Рестартирајте го системот за предупредување за притисок во гумите откко сте го поставиле правилното ниво за притисок. Стандардната опрема на модерните автомобили има сензори –  Систем за следење на притисокот во гумите (TPMS, Tire Pressure Monitoring System).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK