Не платил патарина па му го заплениле автомобилот Lamborghini Aventador SV

ОБЈАВЕНО НА:

Не, не е ова во Македонија. Иако и кај нас има фраери што сакаат да не платат патарина. Полицијата во Велика Британија заплени Lamborghini Aventador SV чија продажна цена се движи од 200 илјади до 350 илјади фунти.

Се започнало кога на островот Вајт на југот на Англија полициска екипа која патролирала во необележан BMW X5 го застана возачот со овој автомобил. По рутинската проверка на документацијата било утврдено дека возачот за овој автомобил не ја платил годишната патарина уште од август минатата година.

Англиската верзија на Yahoo News пренесе дека станува збор за данок кој се плаќа врз основа на количеството на штетни издувни гасови. Така за овој автомобил сопственикот требал да плати 2.175 фунти и дополнителни 325 фунти бидејќи вредноста на автомобилот е над 40 илјади фунти.

Сега, единствено што му преостанува на сопственикот е да го плати целосниот долг и дополнителна казна, а потоа ќе му биде вратен скапиот автомобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK