Најскапиот и уникатен VW Golf распродаден за осум минути

ОБЈАВЕНО НА:

На први јуни Volkswagen ја претстави специјалната серија Golf R333, која се одликува со поголема моќност, посебни елементи и исклучително висока цена. Ќе бидат направени само 333 примероци од моделот, а секој од нив има почетна цена од 76.410 евра, што го прави лимитираното издание „осум“ најскапиот нов Golf досега продаден.

Продажбата на моделот започна на 2 јуни и заврши истиот ден, пренесува германската компанија. Продажбата завршила точно осум минути откако започнале, што значи дека во рок од една минута се купувале по 42 Golf возила.

Се чини дека поскапувањето од речиси 20.000 евра во однос на Golf R Performance не ги одврати потенцијалните купувачи кои ќе ги добијат своите автомобили до крајот на годината. Производството ќе започне во септември.

Моделот со ограничена едиција се одликува со жолтата боја и црните контрастни елементи, а секој од автомобилите има посебна табличка која точно покажува кој агрегат го поседувате. Автомобилот пристигнува со високо ниво на опрема, вклучувајќи LED светла, адаптивен темпомат, аудио систем Harman Kardon и 19-инчни Estoril тркала со полу-краци.

Максималната брзина е зголемена и автомобилот сега може да достигне 270 km/h, а забрзувањето до 100 km/h трае 4,6 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK